11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Денеска се одбележува Светскиот Ден на радиото

Која е улогата на радиото? Може ли радиото да опстане во ова време на мултимедијални медиуми и социјални мрежи? Дали радиото е медиум кој умира или тој е сеуште гласот на јавноста?

Денеска, следејќи ги новите трендови  ние, како радио станица се трансформиравме во мултимедијален медиум, кој секојдневно прикажува програма во живо со видео за случувањата и настаните од Пелагонија, но класичното радио останува во срцето, како медиум што служи како пример за квалитетно, навремено и објективно информирање.

За нас пишуваше и Ал Џезира:

 

На овој ден, 13 февруари, се слави радиото како медиум кој едуцира, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури.

 

Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на радиото, да се поттикнат носителите на одлуки да воспостават и да обезбедат пристап до информации преку радиото, како и да се зајакне вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите.

 

Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина. Милијарди луѓе од целиот свет и натаму секојдневно се приклучуваат на радио, а тоа и натаму го држи приматот како најбројна и најголема медиумска платформа.

Радиото ја поттикнува имагинацијата, ги отвора вратите за промени и служи како канал за пренесување на информации клучни за животот на заедницата.

Радиото ЗАБАВУВА, ОБРАЗУВА и ИНФОРМИРА!

Во оваа насока како локална радио станици, Радио Пела, со бранова должина 96,8 ФМ, па се` до сателитско и интернет пренесување, ги поврзува луѓето, каде и да се`.

Радиостаницата се обидува да го задржи критериумот на одговорен локален медиум, кој пренесува објективни и навремени информации до локалното население. Но, генерално, и нашата радиостаница се наоѓа во кошот на локалните радиостаници од градовите во внатрешноста на Македонија, кои немаат „светла иднина“ поради не можноста за одржливост, со  оглед на тоа што во светот на дигиталниот напредок сивата економија зазема се поголем замав ,на штета на регулираните медиуми,   иако РАДИОТО имаат огромна улога во сферата на инфромирањето на локалното население.

Оставени, т.р сами на себе, локалните радиостанци кои креираат информативни содржини за локалното население, денеска, се обидуваат да преживеат во битката да продолжат да бидат глас на демократијата во локалното средина, да ги презентира и афирмира локалните случувања ,настани и личности, како  единствениот извор на релевантно, брзо и навремено информирање на заедницата за случувањата во сите полиња во локалната заедница.

Радиото е интересен за музичката индустрија, особено во македонија,бидејќи само преку него музичките  нумери можат да се слушаат повеќе пати во текот на денот, можат да се промовираат нови музички имиња, македонската музика може да допре до пошироката публика.

Но, како единствени медиуми кои што е „глас во средините “ каде што делуваат и главно гласила преку кои што граѓаните се информираат, дебатираат и јавно говорат, локалните радиостаници поради нерегулирање на начинот на финасирање, не помогнати од општествената заедница, оставени се на работ на егзистенција и се во голема можност да бидат згаснати. Во  тешкотијата да обезбедат одржливост, средства од економско рекламирање поради малиот број на фирми кои вложуваат во радио реклама во локална радиостанца, особено, сега, во време на пандемија, локалните радиостаници во Македонија се борат за опстанок притиснати и од законските обврските за регулирање на својата програма и кадровска структура.

А, публиката од нив очекува да бидат креатори на информации, ставови и мислења, да застанат на повиците на неправдата, насилството, сиромаштијата, да истражуваат, да критикуваа, да креираат и да бидате мудри медиум, кои го пренесуваат гласот на локалната заедница.

Според УНЕСКО, „како што радиото еволуира во дигиталната ера, тоа останува медиум со поголема публика на светско ниво отколку кој било друга медиумска форма. Тоа ги охрабрува луѓето, вклучително и младите, да се вклучат во дискусиите за темите кои ги засегнуваат. Тоа може да спаси животи во време на несреќи и природни непогоди, а им нуди на новинарите платформа да ги раскажат нивните приказни.“

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО – ФОТО) Град и силен ветер во целост го уништи земјоделскиот род во прилепско

Гордана Цветаноска

Болница: Операционите сали ќе бидат пуштени по добивање на неколку конечни наоди

Пела Редакција

Финале на Пиво-фест 2022 (ФОТО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе