7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, позитивен на КОВИД 19

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид 19 и дека е во домашна изолација.

„Дозволете да ве информирам дека синоќа добив позитивен резултат на тестот за Ковид-19, којшто го направив во текот на вчерашниот ден, веднаш откако се посомневав на првични симптоми на коронавирусот. Моментално сум во домашна изолација, со лесни симптоми на вирусот.Од почетокот на пандемијата, како градоначалник и како шеф на Општинскиот кризен штаб, ги преземам и иницирам сите неопходни мерки за заштита на колективното здравје на граѓаните. Притоа, водејќи максимална грижа за заштита на личното здравје, здравјето на моите најблиски и на сите оние со кои сум во перманентна работна комуникација и интеракција. Таквиот начин на функционирање стана мое секојдневие, во континуитет, пред, за време и после периодот додека волонтирав во Инфективното одделение во прилепската болница.Но, како што се покажа, вирусот Ковид-19 е непредвидлив и лесно пренослив, особено новиот „британски“ сој, кој за жал го има во нашиот град. Затоа, апелирам на максимално и строго почитување на мерките за заштита. Носете заштитни маски, одржувајте физичка дистанца, вршете честа дезинфекција на рацете и работните површини. Само на тој начин, со заеднички напори ќе го победиме ова зло и ќе излеземе посилни“ напиша Јованоски.

Би можело да ве интересира

Состојба со корона вирусот во општина Прилеп, среда, 5 ти август

Гордана Цветаноска

Со точак до Небрегово- до спомен куќата на Конески

Елизабета Филипоска

Црквата „Света Петка“ од Прилеп ја поддржува иницијативата „Сојуз за живот“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе