7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Мистеријата за падот на „кингерот“ останува – 14 години од загинувањето на Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски

Во Македонија и Босна и Херцеговина утре ќе бидат одбележани 14 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар , на 26 –ти февруари

Во авионската несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа извршени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.

И во двата извештаја, кои се разликуваа, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се наведува пилотскa грешки и други индиректни системски пропусти.

Во извештајот на Кулиќ се наведува дека агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Македонија издала дозвола за авионот без потребна документација, а авионот не бил соодветно одржуван.

СФОР направил процедура за слетување во Мостар каде морало да се користи радар, а радарот претходно бил расклопен и однесен од аеродромот. Босанските воздухопловни власти издале дозвола да се користи таа процедура за слетување поради што „кингерот“ со Трајковски при несреќата воопшто не бил следен од земја со радар.

Не работела црната кутија за снимање на параметрите на летот и била застарена, а не бил функционален ниту уредот за лоцирање на авионот по уривањето. Тоа  било доказ за истражителите дека СФОР крие нешто затоа што сигналот неисправниот уред го пријавиле како причина поради која е лоциран авионот.

Контролорите на летање од францускиот контингент воопшто немале регуларни сертификати за својата функција и не биле достапни за истрагата цели две недели по несреќата.

Европратеникот Андреас Крос, 2011 година почна сопствена истрага за оваа несреќа.Тој трдеше дека има докази дека претседателскиот авион не се урнал поради лошите временски услови и грешка на пилотие.

Мистеријата  за  за причините за рушење на авионот на председателот Борис Трајковки сеуште останува.

Владиниот „кингер” со кој што патуваше претседателот Трајковски, кој требаше да стигне на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина на 26 февруари 2004 година се урна во  близина на Мостар.

 

Утре  ,14-сет години од загинувањето на третиот претседател на Р.Македонија,Борис Трајковски

Инаку утре,во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани.
Воедно , Дванаесет планинари од Струмица, Радовиш и Гевгелија по тринаесетти пат  маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски.
Маршрутата долга 200 километри ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски.
Тие на 26 утре треба да пристигнат на гробот на вториот македонски претседател на гробиштата Бутел во Скопје и да се приклучат на одбележувањето на 14 годишнината од смртта. Освен до Скопје, седумдестина планинари од Македонија и Бугарија  пешачат  по падините на планината Беласица  викендпв.Тие  се искачија на врвот „Ботра“ кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.
Информациите преземени од повеќе  медиуми

Би можело да ве интересира

Исплатени субвенциите за тутун за ланската реколта

Гордана Цветаноска

Не’ очекуваат рестрикции, Владата донела Уредба за енергетска криза!

Гордана Цветаноска

Стариот пат Велес – Градско затворен поради асфалтирање

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе