7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Тутунарите здружено на протест, бараат решенија веднаш

Поттикнати од наталожените проблеми со откупот, ниската цена за ланската реколта, нерешените отворени прашања за претстојната сезона – новите цени во договорите и измени во правилникот за проценка, тутунопроизводителите се обединија и решија повторно да го изразат својот револт. Протестот ќе се одржи в четврток (11 ти  февруари) на магистралниот пат Прилеп – Градско над бензинската пумпа Лук Оил од 12 до 14 часот.

Целта ни е иста кога се работи за интересот на тутунарите недоразбирањата мора да се остават и се оставени на страна, велат од новоформираните здруженија .

„Ги повикуваме сите тутунопроизводители без разлика на вера нација или политичка определба, маката ни е иста и целта ни е иста. Тутунот мора да се откупи до последниот произведен килограм.Тука ќе се потенцира и барањето за 90 денари субвенција по сите класи за што на министерот му беше доставен и документ на каков начин и од кој ставки од буџетот ќе се обезбедат овие средства бидејки ги има во буџетот само треба волја да се искористат за намалуваме на штетите од ниската одкупна цена во минатата реколта. Ако кон овие 90 денари по килограм ги додадеме и 10 денари од ковид мерката која ги планира владата ќе дојдеме до цена која барем малку ќе ја амортизира загубата која ја претрпеа тутунарите. Исто така за новата реколта имаме решенија кои исто така ке бидат доставени до Министерството со кои сметаме дека сега треба да се решат проблемите за да не наидиме повеќе на ваква тешка реколта по тутунарите, стои во повикот објавен на социјалните мрежи.“

Организаторите на протестот четирите здруженија Тутунска надеж, Жолто тутунско злато, Тутунарска мака и Тутунари земјоделци ги повикуваат министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, директорот на инспекторатот Зоран Шапурич и претседателот на Сојузот на Земјоделски здруженија Менде Стомнароски да ги запознаат  лично со проблемите на тутунарите и да присуствуваат на протестот.

Би можело да ве интересира

Промоција на 7 книги од прилепчанката Мирјана Селчанец

Сопругата на Деркоски стана сопственик на еден од најголемите логистички центри за транспорт и шпедиција

Пела Редакција

Гала годишен концерт на КУД „Илинден“ Сиднеј“ – чувар на македонската традиција во Австралија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе