16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Тутунскиот откуп е пролонгиран

Законот за изменување и дополнување на Закон за тутун, предложен од група пратеници од владејачкото мнозинство попладнево, Собранието едногласно го донесе. Сите пратенички групи се согласија дека треба да им се помогне на тутунопроизводителите и да се продолжи рокот за откуп на тутун за еден месец. Иако, опозицијата имаше повеќе забелешки и дополнувања што според нив, требаше да бидат дел од измените, пред се’ во делот за забрана на увозот на тутун, како и измени и дополнувања кои се однесуваат на количествата по единица површина содржани во договорите.

Според пратеникот од СДСМ Миле Талевски, кој е еден од предлагачите Предлог-законот најважно е да обезбеди пролонгирање на откупниот рок.

– Целта на измените и дополнувањата на Законот за тутун е да се продолжи периодот на откуп за еден месец со што ќе се надминат проблемите со откупот на тутун и ќе им се овозможи на откупните претпријатија да го откупат целокупното производство на тутун – истакна Талевски.

Станува збор за околу 2 милиони кгр тутун, кои се во најголем дел за откупување во долненско и прилепско. Измените во Законот ќе стапат на сила со објавување во Службен весник.

Би можело да ве интересира

Детската желба од Миа се претвори во мала шумичка кај Селце

Прилепскиот уметник Марјан Стојаноски со самостојна изложба во Тирана

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (37)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе