Над 50 музичари од Прилеп вечерва одржале состанок на кој што разговале за актуелната состојба со здравствената криза со пандемијата, во која, како што велат самите се обесправени и дискриминирани, не можејќи да ги остваруваат своите работни обврски. Тие бараат и апелираат до музичките здруженија каде членуваат час поскоро да се реши ситуацијата, а во спротивно најавуваат 24/7 протести со блокада на превојот Плетвар. Зад иницијативата стојат 54 музичари кои присуствувале на состанокот.
Ова е нивното соопштение кое го објавуваме во целост:
Почитувани,
На ден 16.03.2021 година музичарите од Прилеп самоиницијативно остварија работен состанок на кој разговараа за проблемите со кои се засегнати поради Ковид пандемијата. Еве цела година како не работиме и немаме право на егзистенција, ние сме единствената гранка во општеството кое е дискриминирана и нема право да ги остварува своите работни обврски! Ние не бараме парична помош од државата, не сакаме да го оптеретуваме буџетот, ние бараме да се изготват протоколи и мерки за конечно да почниме да музицираме. Како што се изготвија мерки за дикотеки, казина, кафиќи, ресторани и тн. возможно е и музичарите да работат и да егзистираат!!! Апелираме до музичките здруженија каде и ние членуваме да се направи протокол за работа и да се достави до Владата на Република Македонија за што поскоро да започнеме со работа, во спротивно масовно ќе излеземе на протести 24/7 блокирајќи го превојот „ПЛЕТВАР“. Оваа одлука едногласно беше донесена од прилепските музичари каде секој со својот потпис ја поддржа оваа одлука!!!
Со почит,
Музичари од Прилеп