16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Министерот Хоџа утре во Прилеп и долненско, се отвара тутунски откупен пункт

Според првичната најава од кабинетот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, утре, (среда) 17.03, ресорниот министер Арјанит Хоџа, ќе присуствува на отворање на откупен пункт на тутун во Црнилиште, општина Долнени. Од оправдани причинидоцна вечерва има измена на локацијата за изјава на министерот Хоџа. Наместо Црнилиште, изјавата за медиуми е планирана во Тутунски комбинат Прилеп во 11 часот.

Потоа, министерот Хоџа ќе се упати во Црнилиште на отварање на откупен пункт.

Се очекува на настанот да бидат прецизирани начинот и организацијата на продолжението на откупот на тутунот и кои компании ќе бидат вклучени за допреземање на ланската реколта.

            

Би можело да ве интересира

Важна информација за сите возачи и фирми во Прилеп

Нови можности за угостителите во Крушево по посетата на тур оператори и новинари од Хрватска

Се укинува забранат-од денеска македонското коскесто овошје ќе патува на рускиот пазар

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе