ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепската опозиција апелира за сериозно менаџирање со здравствената криза

712

ОК на ВМРО ДПМНЕ денеска одржа прес конференција, на која ги посочи проблемите со менаџирањето на здравствената криза во Прилеп и кои според нив бараат итни решенија од локалната власт. Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

„Во што ли се претвори болницата во Прилеп? Во хорор ли ? Знае ли менаџментот да менаџира со болницата ?? Со полна уста се зборува за модуларната болница а таа не е во функција. бројот на починати достигна до 291. Активните случаи се над 800 . Дали овој нов бран ги изненади властите?? Или како што велат вината е во граѓаните кои не се придржувале до препораките ? Пациентите ли се виновни што мора да чекаат со денови за да се тестираат? Пациентите ли се виновни што за преглед мора да чекаат со часови и часови? Пациентите ли се виновни што не можат да закажат специјалистички преглед преку „ мој термин “речиси една година? Дали е вистина дека докторите добиле усна наредба да примаат само итни случаи? Ќе излези ли менаџментот да каже колку здравствени работници се позитивни на корона вирусот и дали болницата е ново жариште ? Наместо, министерот Венко Филипче да објавува секојдневна статистика за број на заразени починати и оздравени и да ретерира околу набавката на вакцини, нека се охрабри да дојде во болницата, а не во Општината, за да види како стојат работите на терен, да види како пациентите со часови чекаат во редица и молат за помош. Да провери на што ли се должи високата смртност? Им изразуваме поддршка на лекарите, медицинските сестри и другиот персонал во нивната заложба за зачувуање на животите на граѓаните. И патем менаџментот да одговори дали за сите е исплатена ветената награда ?? Апелираме властите да станат сериозни, да ја менаџираат здравствената криза и да го зачуваат здравјето на граѓаните !!!!“, рече Влатко Петкоски, портпарол на ОК наа ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: