7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Во целосен прекин сообраќајот од Крушево кон Прилеп и кон Демир Хисар

Обилните врнежи од снег попладнево предизвикуваат проблеми во одвивањето на сообраќајот особено на повисоките места. Крушево, речиси е отсечено од светот. Како што соопшти АМСМ врнежите од снег ги парализираа патните правци Крушево-Прилеп и Крушево-Демир Хисар така што сообраќајот е во целосен прекин за сите видови на возила поради врнежи од снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за тешки товарни возила на планинскиот превои Ѓавато, Буково, Стража и Пресека.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција дежурните служби на македонијапат. Врнежи од снег се бележат во западните, југозападните и централните делови од државата.

Би можело да ве интересира

Победа обезбеди опстанок во Втората лига

Концерт во Крушево „Со љубов за Тоше“ (16 години од последниот концерт на Тоше на 5 ти октомври)

Пела Редакција

Пресметка меѓу Македонци и Грци на протестите во Мелбурн

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе