ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ин мемориам: Почина проф. Тале Герамитчиоски

1.229

Синоќа, на 59 годишна возраст, почина Тале Герамитчиоски, професор на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола. Тале Герамитчиоски ја извршуваше функцијата Претседател на Совет на Општина Прилеп во 2000/2001, од 2002 до 2006 година, беше Заменик министер за образование и наука и пратеник во Собранието на Р.Македонија од редовите на СДСМ.

Герамитчиоски беше член на Друштвото за наука и уметност-Прилеп, член на Меѓународното здружение за математика и механика GAMM, со седиште во Германија, a извршувал и повеќе раководни функции на Техничкиот факултет во Биитола, меѓу кои и член на Сенатот на УКЛО.

Автор е на голем број книги и научни трудови од областа на машинството и машинските елементи, како и учесник во повеќе научноистражувачки и други проекти.

Погребот на Тале Герамитчиоски, ќе се изврши денеска, во 15:00 часот, на Новите градски гробишта во Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: