7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Уште една блокада на работниците од Еурокомпозит на патот Прилеп – Градско

Вработените на Еурокомпозит денеска продолжија со протестите. Повторно двочасовна блокада на регионалниот пат Прилеп – Градско кај Заполшки мост, но како што вели претседателот на синдикалната организација Роберт Богданоски денеска има нови моменти во преговорите со владините претставници во однос на нивните барања.
– Денеска разговараме со вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тој ни ја даде понудата: една плата да се исплати денеска за да го прекинеме штрајкот и да почнеме со работа. Денеска се сретнале со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески за да се донесат неколку одлуки меѓу кои 100 вработени да бидат опфатени како технолошки вишок. За сето во текот на денов да не известат што одлучиле. Бараме да ни се исплати просечна републичка плата, а не како нашата која е половина од тоа. Нам ни требаат гаранции и одлука на Влада дека проблемот со „Еурокомпозит“ и со изнаоѓањето инвеститор ќе се реши во овие шест месеци. Освен тоа, ни беше споменато дека ќе го почнат процесот и со смената на раководството на компанијата, изјави Богданоски.
Работниците бараат исплата на една просечна плата и гаранција за решавање на проблемот со компанијата во рок од шест месеци, можност за технолошки вишок на одредена група вработени, со што ќе се реши превработеноста, но и социјалниот статус на одреден број работници. Владата, како што во повеќе наврати беше потенцирано, бара странски инвеститор како единствен излез од агонијата на Еурокомпозит.

Би можело да ве интересира

Јакимовска: Да се почитуваат препораките на Министерството за здравство поврзани со коронавирусот! Здравјето на работниците пред се!

Елизабета Филипоска

За“крпен живот“ со македонската потрошувачката кошница

И, ПАЗАРЕЊЕТО НА ПАЗАР ПОВЕЌЕ НЕ Е ЕВТИНО – Пазарџиите ги качија цените на овошјето и зеленчукот

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе