Желбата за чист Прилеп и љубовта кон градот и природата, ги инспирира граѓаните самоиницијативно да се организираат во еко – акција која се одржа денеска на Маркукуле. Во акцијата која што ја покрена Виктор Петроски преку социјалните мрежи, учество зедоа 50 тина прилепчани кои од пладне по падините, од локацијата кај „Слонот“ па се ‘ до крстот на Маркукуле, грижливо собираа отпад и се дружеа користејќи го убавото мартовско сонце.
Се приклучија сите кои што си го сакаат Прилеп чист, извидниците и членовите Спелеолошкото друштво и спасителската служба „Златоврв“. Ова е прва во низата еко акции планирани од Виктор Петроски кој што најавува наредните викенди да се расчистуваат од отпад излетничките локации Селце и Волково.
Фото: Теодора Велкоска