7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Смилеска: Се прават последни подготовки за пуштање на модуларната болница

Ќе овозможи ли монтажната болница поставена во непосредна близина на Општата волница „Борка Талески“ Прилеп да се намали притисокот за хоспитализација во третиот Ковид бран? Според здравствените власти деновиве се очекува да бидат на располагање дополнителните 35 легла од модуларната болница која што наскоро ќе биде пуштена во употреба, за што се прават последните подготовки за да се задоволат потребните критериуми и стандарди.   .

„Во прилепската болница од постоечките Ковид центри кои што во моментов  функционираат има  на располагање 18 легла, 120 пациенти се на хоспитализација,  а од нив 87 се на кислородна поддршка“рече во разговорот на програмата „Убав ден“ ВД директорот на прилепската болница Кети Смилеска.        

Дали прилепската болница ќе ангажира дополнителен кадар за работа?

– Во моментов го правиме распоредот, а тоа подразбира една нова реорганизација, а тоа подразбира дека сите доктори кои што ги имаме на располагање.  Болницата, почнувајќи од специјалисти,специјализантите, општите доктори, медицинските сестри, техничкиот персонал се ставија на располагање за создавање на еден нов распоред, кој што ќе значи подобри услови за пациентите и значи нова модуларна болница, со нови работни места кои што ги покриваме со персоналот за да може да функционира оваа болница. Од неколку одделенија: Интерното одделение, од хируршкото одделение, од Анестезија дадоа на распоред специјалисти кои ќе бидат во модуларната болница, а во исто време тие кои не се во модуларната, ќе ја покриваат редовната програма која што ја имаат во своето одделение. Така што нема да прекине ни континуитетот со редовната програма и покрај тоа што ќе биде редуцирана, а паралелно другите доктори кои што ќе бидат во модуларната ќе покриваат дежурства, дневни смени со амбулантни прегледи и така организираноста сметам дека ќе биде добра во однос на функционирање на модуларната болница. Со овој начин на работа нема да има потреба од ангажирање на дополнителен кадар, така што со новата реорганизација ќе се започне од 2 ри април.

Кои  прилепски компании се вклучија за помош и поддршка при обезбедување на потребните услови згрижувања за пациентите?

 Околу хуманоста и донациите, морам да напоменам дека во Прилеп имаме општествено одговорни компании кои секогаш срдечно и безрезервно ни излегуваат во пресрет било да се работи на повик или самоиницијативно. Комфи Ангел секогаш излегуваат во пресрет и донираат. Во овој момент ни беа потребни постелнина, перници и јоргани за опремување на креветите во модуларната болница, се одзваа на нашиот повик и донираа значителна бројка на постелнина. Да ги напоменам и другите на списокот од донатори се најде и Тутунскиот Комбинат со значителна сума учествуваше во обезбедувањето на централниот довод на кислород до секое легло. Во модуларната болница има 35 легла и до секое легло имаме централен довод на кислород што значи дека е олеснет пристапот до кислород. Нашата прехранбена компанија Витаминка го овозможи инсталирањето на електричната енергија и веднаш ни излегоа во пресрет уште со самото примопредавање на модуларната болница од министерството за труд и социјална политика и министерството за здравство. Пристапот од паркингот до модуларната болница и пристапна рампа за лицата со попреченост го овозможи компанијата Изофаст, во моментов работат на патеката која што е на поврзување на патеката од Инфективното одделение до модуларната болница.

Што се однесува на дневниот ковид биланс во последните 24 часа се направени 1.405 тестирања, а регистрирани се 303 нови случаи на КОВИД-19 од кои најмногу во Скопје – 195, а во Прилеп – 28. Пријавени се вкупно 41 починато лице, од кои 5 пациенти од Прилеп (43г, 2 лица на 67г, 71г и 78г).

Би можело да ве интересира

Пролетен распуст за учениците од 29 ти април до 7 ми мај

Пела Редакција

Здружението Преродба во хуманитарна акција за Марко

Пела Редакција

Општина Прилеп ги интензивира активностите за отворање на дневниот Центар за деца со церебрална парализа

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе