ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Утре во функција и модуларната болница

1.099

Поради висок број на активни случаи во Прилеп ситуацијата е алармантна. Утре се отвора и модуларната болница. Денеска, според изјавата на Кети Смилеска, директор на општата болница „Борка Талески“ , во болницаата во ковид центрите има хоспитализирано 127 пациенти болни од ковид 19, кои дел се на кислородна поддршка, а има само уште три слободни болнички легла.

„Со отварањето на модуларната болница, планиравме да ги растеретиме ковид центрите во болницата, но доколку проджиме со вакво темпо на хослитаизација, не ќе можеме болничките одделенија да ги ослободиме од ковид центри, бидјеќи во овој момент имаме 127 лежачки пациенти, а само три слобони легла од постоечките кои ни се на располагање во болницата. Модуларнат болница во вистински момент ќе биде ставена во функција. Од утре ќе почне да прима пациенти. Таа има капацитет на 35 легла, комплетно покриани со централен довод на кислород. Но, со оглед на ситацијата, да се надеваме дека таа ќе биде доволно!“- истакна, Кети Смилеска, директор на општата болница „Борка Талески“

И, ова не значи дека , дека треба да се опуштаме и да бидеме невнимателни кон болеста, истакна загрижено Смилеска.

„Ако имаме болнички легла, незначи дека ќе има соодветен третман на пациентите, оти не е само сместувањето. На пацинтите им е ппотребен лекарски надзор и грижа и друг медицински персонал и затоа апелирам да внимаваме , да се придржуваме и понатаму на меките на заштита за да не се доведеме во ситуација да имаме кревети, а да немаме кадар. Сега за сега имаме доволен кадар, но ако продолжиме со вакво темпо ова  ќе биде сериозно за размислување!„ – рече Смиелска за Радио Пела

Прилеп од почетокот на пандемијата има 7061 случаи со ковидвирусот. Моментално активни се 1078.

А,според надлежните иако се наоѓаме во третиот бран на пандемијата, нема потреба од воведување на нови мерки бидејќи вирусот е раширен и истите не би дале ефект.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: