8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Еурокомпозит „се сели“ пред Владата

По неуспешните договори и преговори, најави за странски инвеститори, синдикалната организација на Еурокомпозит 11 Октомври одлучи – утре вработените поставуваат шатори пред Владата и остануваат таму се додека не се решат барем дел од проблемите со кои се соочуваат работниците. Како што беше најавено, вработените и денеска поставија двочасовна блокада и протестираа на излезот од Прилеп кај Заполшки мост, на регионалниот пат Прилеп – Градско, со што имаше застој на сообраќајот во двата правци.
Работниците бараат средба со премиерот Зоран Заев, итна исплата на една републичка плата, старт на исплата на бруто плати и подмирување на заостанатите плати и придонеси.
Досегашните средби со вицепремиерот Кочо Анѓушев не вродија со плод, зашто како што велат работниците проблемот со единствениот загубар Еурокомпозит бара итно решавање, пред треба да се затворат социјалните напластени проблеми со кои се соочуваат 270 вработени повеќе од 10 години.

Би можело да ве интересира

Новогодишна програма за дочек на 2023 та година на плоштадот Ченто

Гордана Цветаноска

Витаминка започна со детски караван за општествени вредности и едукација

Пела Редакција

Љубење со стихови – незаборавно поетско дружење (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе