16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Ќе се осветлува патот до крушевското езеро и водоснабдување за во индустриската зона„Опаленик“

Општната Крушево е на пат да реализира два инфраструктурни проекти. Ќе се осветлува патот од „Гумење“ до крушевско вештачко езеро. Со оваа активност ќе се осветли целосно новоизградениот пат до Крушевско Езеро, кој е еден од најпрометните, особено во пролет и лето, едно од пријатните места на крушевчани и посетитлите на Крушево.

Воедно, ќе се гради инфраструктура за води за дополнително водоснабдување во индустриска зона „Опаленик“, К1 и К2. Проектот треба да обезбеди редовно водоснабдување за фабриките, сегашни и идни, во и околу индустриската зона „Опаленик“.

„Со ова го продолжуваме проектот за изградба на инфраструктура во иднустриската зона. Имаме потенцијални инвеститори, а постоечкиот кој работи во зоната веќе закупи уште една парцела за да ги прошири своите капацитети. Индустриската зона е еден од нашите приоритети затоа што тоа може да генерира многу нови работни места“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Би можело да ве интересира

Над 8 милиони евра ќе распределат акционерите на Мермерен Комбинат АД Прилеп

(Видео) Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура “Ацо Шопов“

(Видео) Чулев од Прилеп: МВР поднесе кривични пријави против раководители на државни фирми

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе