7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепчанецот Аџиоски не се откажува од мисијата- медицинската донацијата да стигне до македонското здравство

Дел од донацијата вредна 350 илјади евра, 10 од 50-те неинвазивни респиратори за македонското здравство, која повторно ја обезбеди прилепчанецот Дејан Аџиоски кој живее во Швајцарија, веќе е на пат кон Македонија.  Медицинската опрема е наменета за 8 болници во: Битола, Кавадарци, Делчево,Струмица, Гевгелија, Охрид, Кичево и  Велес.

Но, за останатите 40-тина репиратори да пристигнат во Македонија обезбедени преку фирмата BCD Microtechnique“ на Седрик Пахум, која е и произведител на респиратори, се чека на финансиска поддршка и помош од  Министерството за здравство на Македонија, за покривањето на трошоците за транспорт, логистика, потрошен материал и за тренинг – обука на докторите во Македонија.

„Транспортот за оваа медицинска опрема и придружните трошоци се околу 10 –тина илјади евра,- вели Аџиоски, кој веќе покрена и акција меѓу дијаспората да помогне во собирање средства за транспорт на останатиот дел од донацијта.

„Уште од 2 март, гледајќи го третиот бран на КОВИД-19 кој беше лесно предвидлив дека ќе ја погоди Македонија, решив да превземам втора иницијатива за нова помош со респиратори, кои се многу потребни во случајот со ковидот.  Првото искуство, со 20 те машини кои беа ставени во употреба во Прилеп, дадоа добри резултати; подобрување на сатурацијата на пациентите кои имаа потреба од дневна поддршка на вештачко дишење *преку машина​*. Познавајќи ја лично болката која ја чувствуваат болните како и нивните семејства,се охрабрив уште еднаш да побарам помош од мојот пријател, Седрик Пахуд, сопственикот на фирмата БЦД Микротекник, и го замолив за уште една хуманитарна акција од поголм обем. Знаејќи ја ситуацијата во Македонија, тој повторно прифати да донира уште 40-50 машини од типот на неинвазивни респиратори за 9 болници во Македонија: во Охрид, Кичево, Битола, Велес, Гевгелија, Јасеново, Велес, Струмица, Делчево​. Но, колку побрзо ќе стигне оваа донација, толку повеќе животи ќе бидат  спасат, бидејќи не чека новиот бран на Ковид 19“ .- вели Аџиоски.

Министерот за здравство, Венко Филипче при посетата на Прилеп, на новинарско прашање “дали македонското здравство може да помогне оваа донација да се најде во македонските болници?„ рече:

„Го решаваме проблемот. Не можеме така да платиме транспорт. Мораме да правиме набавки во здравството. Бараме спонзори за да помогнат во овој дел„-  кусо одговори тој.  

Инаку, пристигнувањето на донацијата од 10 респиратори во Македонија, е овозможена со помош на хуманисти, Македонци, асоциации и фирми. Црвенот Крст – Делчево, д-р  Билјана Георгиевска, како и д-р  Дејан Златковски,  ќе бидат оние кои ќе ги примат 10 -те респиратори и кои ќе ја имаат обука за нивно користење, за привите 5 болници: Охрид, Велес, Струмица и Делчево.

А, за останатите 40 респиратори,  донација од Аџиоски и неговите пријатели, македонското здравство ќе причека, кога ќе бидат собрани финансиски средства за нивно транспортирање до Македонија.

Но, ова не го обесхрабрува Дејан Аџиоски. Тој не се откажува од неговата мисија и понатаму да му помага на македонското здравство за да излезе од здравствената криза. Тој веќе побарал список од македонските болници за неопходната здавствена опрема, која ќе се обиде да ја обезбеди ,повторно, како донација од швацарските болници.

Би можело да ве интересира

Пелагонија во борба со огнената стихија, пожари на патот од Прилеп кон Битола

Гордана Цветаноска

Илинден во Крушево со богата културно уметничка програма

Гордана Цветаноска

❤️Маратонска трка во спомен на Мајката ❤️

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе