11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Цвеќе пред бистите на Делчев,Тошев,Тито

Делегација од локaлната самоуправа и Советот на Општина Прилеп, предводени од градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, преставници од ООУ „Гоце Делчев“, институција во Прилеп која го носи името на револуционерот, како и делегации на политички партии и урбаната заедница „Гоце Делчев“, денеска, 4 мај , по повод 118 години од загинувањето на Гоце Делчев, се поклонија на неговата биста во училишниот двор и положија свежо цвеќе, одавајќи му почит на ликот и делото на македонскиот револуционер, Гоце Делчев.

На днешен ден, 1912 год, загинува и прилепскиот револуционер Пере Тошев, учесник во Илинденското востание и голем поборник за создавање на македонска држава. Во негова чест, по повод 109-годишнината од неговот трагично загинувањето, свежо цвеќе беше положено на споменикот поставен на плоштадот во Прилеп кој го носи неговото име.

Делегација од локалната самоуправа од Прилеп, предводена од градоначалникот, претставници на општинскиот Совет и ОО на СДСМ – Прилеп, положија цвеќе и на бистата на Јосп Броз Тито, која се наоѓа во Меморијалниот музеј „11-ти Октомври„ познат како Участакот, во центарот на Прилеп, по повод 41 година од починувањето на претседателот на СФРЈ, Јоспи Броз Тито, период кога Македонија добива своја држава, како рамноправна република, во рамките на петте други републики кои ја сочинуваа тогашната федерација.

Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени – за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.

Би можело да ве интересира

Повторно двоцифрена бројка на новозаболени од Ковид 19 во Прилеп

Гордана Цветаноска

Нови два случаи позитивни на корона вирус во Прилеп

Утре, недела, атлетски трки во центарот на Прилеп „Че трчаме“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе