7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ПРОМОЦИЈА НА ПРОФИЛИТЕ ОД СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ ВО РАМКИТЕ НА „ОТВОРЕН ДЕН“ ВО ПРИЛЕП ЗА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Прилепските средни стручни училишта денес ги отворија вратите за идните средношколци, со цел нивно запознавање со придобивките и можностите кои ги нуди стручното образование преку кампањата „Учи паметно, работи стручно“ кое ја спроведува Министерството за образование и наука со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, преку која се водеше и интензивен дијалог со општините и компаниите за дефинирање на потребите од отворање на нови образовни профили и паралелки согласно состојбите на пазарот на трудот на локално ниво.

СОУ „Орде Чопела“ ги понуди своите профили лични услуги, здравствена (медицински лабораторискo санитарен техничар), хемиско – технолошка струка, градежно – геодетска, земјоделско – ветеринарна струка, а ќе соработува со локалние компании Тутунска Комбинат АД Прилеп, АГРОИНВЕСТ ДООЕЛ Прилеп, Институт за тутун Прилеп, Млекара Мики, Донија Дооел, Стара Фурна Дооел…

Дуално образование, ќе се спроведува во партнерство на училиштата со локални компании, кое подразбира повеќе практична настава за учениците директно на работно место, а помалку изучување теорија, што пак, овозможува стекнување на квалитетни и потребни вештини за обезбедување на соодветен работен ангажман веднаш по формализација на средното образование, но и добра основа за понатамошна високообразовна надградба.

Од оваа година како дополнителна стимулација за идните средношколци кој го одбрале стручно средното училиште МОН ја менува политиката за стипендирање на средношколците. Имено, сите ученици кои ќе се запишат во средно стручно училиште имаат можност да аплицираат за стипендија од 3500 денари за 9 месеци во годината. Доколку ученикот е дел од дуална паралелка, односно помалку 2200 денари за 9 месеци во годината, доколку ученикот е запишан во струка која е дефицитарна, како угостителско – туристичка струка, машинска, електротехничка и други дефинирани со конкурсот кој ќе биде објавен вообичаено во третиот квартал од календарската година.

Во склоп на кампањата на МОН за унапредување на стручното образование „Учи паметно, работи стручно“ и воведувањето на концептот на дуално образование, денеска во четирите средни стручни училишта во Прилеп се одржи таканаречен „Отворен ден“ на кои присуствуваа градоначалникот Илија Јованоски, претставници на средните училишта и на МОН, ученици кои годинава го завршуваат основното образование, нивни родители, како и претставници на компаниите кои се вклучени во реализација на дуалното образование.

Би можело да ве интересира

Според народната: „Реков- одреков – важи- не важи!“- одлуките на Советот на Општина Прилеп!

Елизабета Филипоска

Манастирот Трескавец конечно добива водовод, за пречистителна станица ќе се почека…

Двајца новозаразени од Ковид-19 во Прилеп, по еден во Крушево и во Македонски Брод

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе