8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Исплатени субвенциите за тутун за ланската реколта

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурaлниот развој на сметките на 28.168 субјекти, исплати близу 1,7 милјарди денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека станува збор за исплата на сите производители кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по оваа мерка.

„Средствата се веќе легнати на сметките на сите производители кои што произведениот тутун го предале во регистриралните откупни центри: Тутунски комбинат Прилеп, Алијанс, Сокотаб, Пашоски, Секе, Орбита табак, Кавекс Балкан, Мисириан и Бако.“ – информира Бачовски.

Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа , и 60 денари за трeта класа произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.

Би можело да ве интересира

СВР Битола: Третина од исконтролираните возачи добија казни

Пела Редакција

(ФОТО) Ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ во Торино со Еразмус +

Елизабета Филипоска

Расте стапката на новозаразени од Ковид, во Прилеп регистрирани 31

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе