7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Денеска нема да се игра ракомет

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го одложи цело 13. коло во плејофот поради голманот на Охрид, Никола Даниловски Џамбо, кој беше пронајден мртов покрај брегот на охридското езеро. Според локалните медиуми голманот на ракометниот клуб Охрид и повремен репрезентативец на Македонија, Даниловски (24) и исчезнал синоќа околу 21 часот, по тренингот во клубот,а неговото безживотно тело било пронајдено утрово во Охридското езеро во близина на туристичкото одморалиште Лагадин.

Поради оваа трагедија РФМ реши прво да го одложи дербито меѓу Охрид и Струга, но потоа ја промени одлуката и ги одложи сите натпревари кои беа закажани за 19 часот. РК Прилеп требаше вечерва од 13-от коло од плеј аут во ракометната Супер лиге да им гостува на РК Младост 1977 од Богданци,која се наоѓа на долниот дел од табелата.

Инаку, цело коло од плејофот е одложено за понеделник, кога треба да се одира од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Не е исправна водата од четири чешми во прилепско

Елизабета Филипоска

ХОПС и ХЕРА : На Прилеп му фали Центар за лекување на зависници

Елизабета Филипоска

Новинарите и медиумските работници се вакцинираат

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе