7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ТУТУНОТ – СТРАСТ, ПРОФИТ И ШТЕТНОСТ-ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИ ДЕН ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО

Седум милиони луѓе годишно умираат како последица на „синиот чад„. По повод денешниот Ден на борба против пушењето, Светската здравствена организација предупредува дека во многу земји се потценува неговото штетно дејство за човековото здравје.Електронските цигари содржат помалку штетни материи, но исто така се опасни. Седум милиони луѓе годишно умираат како последица на „синиот чад“. Околу 80 проценти од пушачите живеат во земјите во развој, а седум проценти или преку 24 милиони пушачи во светот се на возраст меѓу 13 и 15 години.

Корисниците на тутун имаат за 84% поголеми изгледи успешно да се откажат од пушење тогаш кога добиваат интензивни совети од лекар.

Затоа со цел да им помогне на корисниците на тутун да престанат да пушат, СЗО употребува нови дигитални алатки како што е Флоренс – првиот емпатичен дигитален здравствен работник на СЗО. Флоренс е систем за поддршка заснован на вештачка интелигенција кој имитира здравствен работник што се бори против дезинформациите околу КОВИД-19 и тутунот, обезбедува кратки совети за корисниците на тутун во функција на нивно откажување од пушење и ги упатува кон дигиталните услуги за откажување од пушење.

Би можело да ве интересира

Се креира програма за работа со надарени деца во градинките

Гордана Цветаноска

Македонија слави 28 години независност

Гордана Цветаноска

Дневен Ковид биланс – Прилеп не се симнува од врвот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе