Оваа упсина година, нови можноси нуди СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ -Прилеп . Таму во прва година ќе се запишат 254 ученици, во 8 паралелки со настава на македонски јазик . Од оваа година се воведува дуалното образовани со конкретна поддршка за учениците и подобри услови за нив во процесот на учење со цел да се стекнеат со практични вештини, кои се в клучни со работење на терен.
- Земјоделско-ветеринарна струка ќе прими 93 ученици во 3 паралелки -агротехничар / техничар за агроменаџмент – ДУАЛНА ПАРАЛЕЛКА *(соработка со компанија Тутунска Комбинат АД Прилеп, АГРОИНВЕСТ ДООЕЛ Прилеп, Институт за тутун Прилеп)
- – техничар по ветеринарна медицина
- – техничар за фитомедицина
- Градежно-геодетска струка – 34 ученици, 1 паралелка – геодетски техничар/ градежен техничар/ архитектонски техничар
- Хемиско-технолошка струка – 59 ученици, 2 паралелки – прехранбен техничар – ДУАЛНА ПАРАЛЕЛКА *(соработка со компаниите Млекара Мики, Дониа Дооел, Стара Фурна Дооел)
- техничар за заштита на животната средина / хемиски лабораториски техничар
- Лични услуги – 34 ученици, 1 паралелка – техничар за очна оптика Здравствена струка – 34 ученици,
- НОВИНА:
- 1 паралелка – медицински лабораторискo санитарен техничар како новина оваа година:
Учениците во дуална паралелка ќе добиваат месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината. А, училиштето обезбедуваме стипендии за ученици од прва година, од земјоделско-ветеринарна и градежно-геодетска струка.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни: • од 14ти до 17ти јуни
• од 23ти до 25ти јуни
• на 30 јуни