9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Се судри трактор и цитроен-тројца повредени

Четири лица, од кои еден потешко, се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа на локалниот пат с.Тополчани-с.Ерековци, прилепско, меѓу патничко возило марка „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки,  управувано од М.Р.(52) од с.Канатларци и трактор „солис“, управуван од Е.Р.(43) од с.Канатларци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ш.(56) од Прилеп, сопатник во патничкото возило, констатирани во Градска болница Прилеп. Со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп, се здобиле возачот М.Р. и сопатниците во патничкото возило Д.А.(40) и И.К.(36), двајцата од Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.  

Би можело да ве интересира

Крушевчанец, а и прилепчанец нападнале полициски службеници

Пела Редакција

Сакал да изгази група луѓе собрани сред село Секирци

Во Кривогаштани приведен бегалец од затвор

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе