7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

SLAP во борба против дебелината „Прошетка во природа“ по повод Светскиот ден NASH (ВИДЕО)

Невладината  „Сочувај Лекувај Асоцијација на Пациенти со црнодробни заболувања – СЛАП”, организира „Прошетка во природа„ во недела (06 јуни) , со тргнување од 8,30 мин од Прилеп, чија крајна цел ќе биде манастирот св. Димитрија, с. Селце . Прошетката ќе се реализира по однапред означена и обезбедена патека,во придружба на водичи.

Активноста има за цел да промовира здрав начин на живот, за здрава храна, поголема физичка активност, и намалуванје на стапката на заболуванја на црниот дроб , поттикнување на свеста за прекумерната тежина особено кај децата кај кои, во ова време на пандемија и седење дома, е алармантна. Се повеќе се зголемув апроцентот на „дебела нација“,а особено голем бројот на деца со прекумерна тежина.  

Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) 2019 г.Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во 2016 година 36,1 отсто од сите деца од второ одделение (на возраст од шест до осум години) имале зголемена телесна тежина или дебелина, во 2017 година – 37,4 отсто, а во 2018 година – 36,9 отсто.

Се проценува дека во светот има повеќе од 150 милиони деца со прекумерна телесна тежина и доколку не се преземат неопходните мерки на претпазливост, бројот ќе се зголеми на 250 милиони до 2030 година.

Би можело да ве интересира

Уката за медиумска писменост вроди со плод

Елизабета Филипоска

Акција за родово базирано насилство кај Ромите и другите маргинализирани групи

Елизабета Филипоска

Функционален Регионален центар за млади во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе