11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК ВМРО-ДПМНЕ: стадионот во Тополчани беше гордост за мештаните

Спортот и условите за спортување беа тема на денешната прес-конференција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Изјавата на претседателот на Републичката комисија за спорт на УМС на ВМРО ДПМНЕ Илија Ристески ја пренесуваме во целост:

“Почитувани спортисти, спортски работници и жители на Тополчани. Сега ни е јасно зошто минатата недела сте биле негостољубиви за Градоначалникот Илија Јованоски и пратеникот Миле Талески. Факт е дека повеќе не им поминуваат лагите ниту за земјоделие, ниту за образование,а најмалку за спортот. Овој стадион кој сега е претворен во џбун, е проект што вреди 300.000 евра. Стадионот имаше рефлектори за ноќни натпревари, дренажа, соблекувални, туш кабини, бунар со техничка вода и трибина за 1000 гледачи. Беше гордост за ова населено место и младите фудбалери. Четири години наместо за фудбалски терени и нови проекти, во оваа држава се дискутира за марихуана и лажни пасоши. Неспособните политичари од СДСМ не се срамат што овој објект е во ваква лоша состoјба и идат да ве убедуваат за смешни проекти, наместо за спортска сала во Тополчани или мултифункционални игралишта. Градоначалникот го уништи прилепскиот спорт,спортската инфраструктура и младите таленти. Се што ветија за спортот во Прилеп излажаа, буквално се’. Еве веќе 7 дена и тие што стоеа зад него пред 4 години, а сега се во удобни фотелји, за жал молчат. Се срамат дека ги излажале оние на кои им биле идоли, бидејќи ги злоупотребиле за личен интерес? Пред неколку денови на игралиште кое е целосен проект на ВМРО-ДПМНЕ и на ФФМ, го пречекавте генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николоски. Еве една идеја, следниот пат дочекајте го на ова игралиште, па и тој нека се увери во тоа како управувате со терените, за кои треба одржување. а очигледно е дека за тоа не водите грижа воопшто. Казната за овие лаги во најспортскиот град во Македонија кој денес има само еден прволигаш ќе биде огромна. Токму граѓаните и спортистите, ќе му го испорачаат најголемиот пораз на СДСМ во Прилеп. Се обврзуваме, како идна локална власт, да го вратиме спортскиот дух во градот”, рече Ристески.

Би можело да ве интересира

Бунтеска: Прилеп со новата локална власт со сигурност го враќа стариот препознатлив сјај!

За состојбата во здравството критикуваше опозицијата. Власта возврати со соопштение

Елизабета Филипоска

Мицкоски за спорот со Бугарија: Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе