4.9 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Што се случува со милионските проекти на градоначалникот Илија Јованоски?

“Што се случува со милионските проекти на градоначалникот Илија Јованоски? Дали по употреба од само неколку месеци се распаѓаат?”- прашаа денес на од ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп опрајќајки се на јавноста.

Граѓаните денес видно револтирани сведочат за некакви ископини околу прескапо платеното мовче во Сточен Пазар. Градоначалникот Илија Јованоски да излезе во јавност и да одговори за што точно станува збор? Го повикуваме, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како што се сликаа пред камерите пред само неколку месеци кога го пуштаа мостот во употреба, да излезат денес на лице место и да ги информираат граѓаните што се случува? Пред извесно време, сведоци бевме на ново раскопување и реконструктивни зафати на милионскиот булевар „Гоце Делчев“ во централното градско подрачје. Тогашното образложение на локалната власт беше дека станувало збор за слегнување на земјиште, како последица на големата влажност предизвикана од врнежи на снег и дожд. За жал, и малкуте реализирани проекти од програмата на Илија Јованоски,покажуваат големи недостатоци при најмали временски неприлики! По смената на локалната власт, се обврзуваме да преиспитаме каде завршиле парите на граѓаните. Ќе следува комплетна ревизија на и онака малку сработеното од градоначалникот Илија Јованоски и локалната власт. Секој што се огрешил пред законот, ќе си сноси одговорнос -посочи секретарот на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп Робертино Илиоски.

https://www.facebook.com/okprilep/videos/974113236696300

Би можело да ве интересира

Ново партиско раководство на МААК во Прилеп

Елизабета Филипоска

Сугарески: Она што е најбитно за мене е – Прилеп!

Гордана Цветаноска

OO СДСМ Прилеп: Власта инвестира во изградба на спортски објекти, од клучно значење во правилниот раст и развој на децата

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе