7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Температура над 40°С – граѓаните да не излегуваат во период од 11 до 17 ч

Денеска во Прилеп, до 17:30 часот попладнево беа измерени 35 степен целзиусови, а највоски температури беа измерени во Гевгелија 41 и во Дебар 40°С. Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-тиот степен, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза. Но, и покрај топлото време, во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. 

Утре, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица, информираат од Министерството за здравство и предупредуваат граѓаните да користат климатизирани простории

Би можело да ве интересира

Димитриевски од ЗНАМ го прифати повикот за национално обединување на Мицкоски

Пела Редакција

Земјоделците да ги заштитат посевите и насадите, временските неприлики погодни за болести и штетници

Прилепскиот театар со Декамерон на „Охридско лето“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе