25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Невреме од пороен дожд, град и силен ветер во прилепско

Повеќе од 1 час траеше невремето кое попладнево го зафати прилепскиот регион. По високата дневна температура која достигна 34 степени целзиусови, околу 17 часот следуваше продор на силен ветер кој што донесе пороен дожд и град. Нестабилноста пропратена со силни грмотевици и електрични празнења траеше повеќе од 1 час.

Имаше и прекини на електричната енергија во некои од населените места.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрешниот ден ќе донесе сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на одредени места може да достигне брзина над 70 километри на час.

Минималните температури ќе се движат меѓу 12 и 22 степени, додека максималните ќе достигнат од 27 до 36 степени Целзиусови. Северниот ветер ќе остане присутен и ќе придонесе за пад на дневните температури за 4 до 6 степени во споредба со сегашните вредности.

Од почетокот на следната недела се очекува постепен пораст на температурите.

Би можело да ве интересира

Пожар на трафостаница во Прилеп

Починал 71 годишен заболен пациент од Прилеп

Машка слика и градоначалничко “мачо натпреварување“ – само 3 жени од засега 74 предложени кандидати

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе