Традицијата продолжува! Прават се’ џудото да им го доближат на младите и да бидат пример на младата популација за спортување и промоција на џудото. Поранешните македонски џудисти успеваат да го искористат целото реноме кое го имаат, знаење и искуство , во насоката на она што го започнаа во 2019 година, да се натпреваруваат како ветерани и да го пренесуваат искуството.
И, токму во таа насока, без присутво на публика почитувајќи ги здравствените мерки и препораки, денеска во Прилеп се одржа Второто Државно Првенство во Џудо за Ветерани, во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” Прилеп, во организација на Џудо Федерацијата на Македонија, со техничка организација и поддршка на прилепскот Џудо Клуб Сеишин .
И, на ова натпреварување, ветераните на ЏК Сеишин Прилеп доминираа, беа најуспешен во Ветеранска конкуренција, со 4 златни, 3 сребрени и 1 бронзен медал. Џудо клубот Сеишин – Прилеп настапи со 8 натпреварувачи и освои исто толку медали.
Поединачни резултати на ветераните :
1. Мартин Ристески 1 место
2. Маке Спиркоски 1 место
3. Томе Јосифоски 1 место
4. Сашо Димовски 1 место
5. Киро Здравески 2 место
6. Менде Илиоски 2 место
7. Тони Бурнески 2 место
8. Ацо Божиноски 3 место
Покрај Сеишин, со Ветерани настапија и Клубовите Ипон Скопје, Пелистер Битола, Санкаку и Прилеп од Прилеп. На отварањето ова Првенство доби поддршка и од страна на Здружението на спортски ветерани Прилеп чие обраќање имаше Претседателот на Здружението Глигурче Локвенец.