16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Актуелниот градоначалник на Прилеп ја доби поддршката од своите сопартици за кандидат за градоначалник на локалните избори

Актуелниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, ја доби поддршката на своите сопартици за кандидат за градоначалник на следните локални избори. Тој, денеска, на својот фејсбук профил, им се заблагодари за искажата доверба и напиша:

“Почитувани сопартијци,
Драги пријатели, после завршувањето на внатрепартиската постапка за предлагање кандидати за градоначалник на општина Прилеп од редовите на СДСМ, сакам да ви се заблагодарам на искажаната поддршка за мојата кандидатура за претстојните локални избори.
За мене и за мојот тим, вашата поддршка е мотив повеќе за постигнување уште подобри резултати и реализација на уште повеќе проекти.
Убеден сум дека заедно со вас ќе оствариме нова победа за СДСМ, нови успеси за граѓаните на општина Прилеп. Ви благодарам„- напиша, Илија Јованоски ,актуелниот прилепски градоначалник на својата фејсбук страна.

Би можело да ве интересира

Почина прилепскиот пејач Ѓорѓи Желчески

Маж во Прилеп нападнат од неговиот син и внук

Во Прилеп работи првиот центар за жртви од тортура

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе