12.6 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Гајдата на Пеце по 25 год. ќе засвири: започнува Фестивалот на народни инструменти и песни

Близу половина век грижливо негување, чување и поттик за младите генерации да не заборават на македонското културно изворно наследство, тоа е Фестивалот на народни инструменти и песни Пеце Атанасовски. Традицијата продолжува и оваа година 47 ма по ред од како формално се одржува Фестивалот, а се одбележува 25 години од смртта на Атанасовски.

Векови претходно, тоа бил музички собир на вљубениците на гајдата, кавалчето, тапанот и изворното пеење на Рудина кај селото Долнени по повод Спасовден – селската слава. Дека Фестивалот предизвикува голем интерес и во време на пандемија говори податокот што се пријавиле за настап во рамките на двете фестивалски вечери над 600 музичари, поединци и групи од земјава и странство. Селекционата комисија имаше навистина многу работа, велат организаторите, да ги одберат реномираните музичари кои достоинствено ќе го претстават изворното музичко наследство на двете сцени во Прилеп и Долнени.

Првата фестивалска вечер ќе се одржи утре со почеток во 20 часот на камената бина, плоштад Александија во Прилеп, додека втората ќе се реализира в сабота од 19 часот на амфитеатарот кај Долнени, од каде ќе се разлее вековната, исконска мелодија на гајдата, кавалот, тапанот, од меките грла на момчиња и девојки вљубеници и поддржувачи на изворниот мелос од различни етникуми во Македонија.

Младите не само што имаат голем интерес за изучување на македонскиот мелос, туку прават напори и за избработка на изворните инструменти, вели  магистар ГОРАН ВАСИЛЕВСКИ, фолклорист  – секретар на фестивалот во отворената програма на Радио Пела .

Гајдата, оригиналната на Пеце Атанасовски по 25 години повторно ќе засвири на камената бина и во долненско. Како и секоја година на фестивалот му претходеше семинар на тема „Традиционалната култура игрите пеењето и инструментите во Мариово, а в сабота ќе се одржи Симпозиум на тема: Фолклорот во минатото и денес, промоција на зборник на трудови.

Би можело да ве интересира

Заштитата на земјоделските посеви од град и годинава со авионско засејување

Гордана Цветаноска

Млади до 23 години ќе добиваат допоплнителни 3.000 денари ако работат во производство

Елизабета Филипоска

Че има Прочка во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе