6.7 C
Прилеп
петок, 20 декември, 2024
Пела Радио

Изложба на прилепскиот уметник Атанасоски

Атанас Атанасоски, кој од рециклирани материјали реализира изложби – инсталации, повторно деновиве се претставува со ново дело во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. Овој пат тоа е инсталацијата „Пејзажни инсталации“, а идејата за реализација на  проектот е продолжение на претходните, кои имаат за цел да ја бараат естетиката на хармонизирање на соживотот помеѓу природата и човекот.

Изложбата нуди можност за пристап кон уметничкото изразување, кое поради растечките еколошки и социјалните проблеми станува се порелевантно и социјално ангажирано. За жал, во последно време пластиката за еднократна употреба е дел од нашето секојдневие, количините од овој отпад постојано се зголемуваат и сериозно ја загрозуваат почвата и водите. Рециклирањето и воспоставувањето системи за управување со пластичен отпад е од витално значење за заштита на животната средина. Се надевам дека мојот проект за кој користам употребени пластични шишина ќе потикне решение за овој глобален проблем – вели уметникот Атанасоски.

Прилепчани ќе имаат можност да проследат интересна изложба, која е дел од програмата за работа во 2021 на ЦК „Марко Цепенков“, поддржана од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

„Москва денес“ во Прилеп

Гордана Цветаноска

Промоција на „Записи“ од Каролина Мицевска

Гордана Цветаноска

Националната опера и балет во Прилеп со балетската претстава „ЛА ЛА ЛА“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе