7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Патување со воз од Скопје до Софија во 2027, а до морскиот брег на Албанија во 2030 година

Од Скопје до Софија со воз ќе се патува во 2027 година, а од Јадранско до Црно Море во 2030 година, се предвидува со трипартитниот договор на Македонија, Бугарија и Албанија што вчера во Софија го потпишаа директорите на „Македонски железници“, Хари Локвенец , на бугарската „Железничка инфраструктура“ Красимир Папукчиски и на „Албански железници“, Ани Дирмиши.

Договорот се однесува на изградбата на железничкиот Коридор 8, којшто треба да ги поврзе пристаништата Бургас и Драч, преку Софија и Скопје и предвидува заедничка меѓусекторска група која треба да ги подготви сите технички спецификации за интероперабилноста на железницата којашто треба да го скрати превозот на стоки од Кина до Европа за две недели. Бугарските медиуми коишто ја објавија информацијата потсетуваат дека трите земји се со различна подготвеност за реализација на проектот и ако се земе предвид темпото на работа и бавниот напредок и покрај големите ветувања, поголем е бројот на песимистите, отколку оптимистите дека железницата ќе профункционира до 2030 година.   Трасата минува низ планински предели и ќе има десетици тунели и вијадукти кои ја качуваат цената на изградбата. Модернизацијата на бугарскиот дел од Софија до Ѓуешево, според проценките, ќе чини 1,1 милијарда евра, а парите ќе се обезбедат од механизмот „Поврзана Европа„

Тунелот на границата меѓу Деве Баир и Ѓуешево ќе го градат заеднички Бугарија и Македонија, а не е полесен ни делот од македонска страна меѓу Крива Паланка и Деве Баир во должина од 24 километри, а чија изграба не е почната. Според податоците од македонска страна коишто ги пренесуваат бугарските медиуми, на оваа траса се предвидува „мост-тунел-вијадукт-тунел“ и има околу 100 мостови и 40 тунели, а цената на изградба е над 500 милиони евра.

Проблематична зона меѓу Македонија и Албанија ќе биде Охридското Езеро кое е под заштита на УНЕСКО и има многу услови што треба да се исполнат, а во моментов се бара најдоброто решение за тој дел.

Инаку, за реализација на проектот Македонија и Албанија имаат обезбедено заеми од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој.

Европскиот транспортен коридор 8 опфаќа патни и железнички траси во вкупна должина од над 1.200 километри, а околу 52 отсто од патиштата и над 55 отсто од железничката инфраструктура се на бугарска територија.

Презмено: https://www.mkd.mk/

Би можело да ве интересира

Отворен ден на Армијата во Прилеп по повод 75 год. од формирањето на НАТО

Гори и во долненско – попладнево пожар кај с. Слепче

Елизабета Филипоска

Забрана на Плетвар и Ќафасан за тешки товарни возила

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе