16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Почна вакцинирањето против ковид-19 на деца од 12 до 16 години- во Прилеп 60 -тина деца пријавени за вакцинација

вакцинирање

Денес во здравствените домови низ земјава почна вакцинацијата против ковид-19 на деца од 12 до 17 години, каде до вчера беа пријавени 1.800 деца. Во Прилеп пријавени се 60-тина деца за вакцинација. Имунизацијата се овива на вакциналниот пункт во спортската сала на Медицинското училиште.  Децата минатата недела ги добија термините за вакцинација, а денеска се појавија пред вакциналниот пункт заедно со нивните родители,бидјеќи е потребна согласност од родител. Процедурата е иста и за нив, како и за повозрасните – лична карта од родителот и пополнување на апликација за согласност. За децата се предвидени вакцините на производителот „Фајзер“ согласно светската пракса за вакцинација на оваа група население.

вакцинирање

Здравствените власти апелираат дека единствен начин на превенција да не се соочиме со нов силен бран и ширење на опасниот делта сој е што помасовна имунизација. Од Министерството за здравство вчера информирaа дека кај нас се детектирани десетина случаи со делта сој и ниту еден од нив не бил вакциниран.

Комисијата за заштита на населението од заразни болести по разгледување на моменталната епидемиолошка состојба во земјава, утринава одлучи да не предложи воведување на какви било рестриктивни мерки за заштита од корона вирусот во земјава.

Би можело да ве интересира

Младите во Прилеп ќе учат вештини за полесно да се вработат (ВИДЕО)

Од полноќ поскапуваат горивата – бензинот за 2,5, а дизелот за 2 денари по литар

Пела Редакција

Две години Радио Пела во етер и Награди за „13 Величенствени„

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе