16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

ЖРК Деспина во европските купови патува во Скандинавија

По откажувањето на учеството на Куманово во Европските купови, РК Деспина се вклучува во европските куп натпреварувања. Во второто коло од Европскиот Куп во женска конкуренција, од четирите екипи Деспина, Вардар, Чаир Металург, ракометарките на Прилеп го добија најтешкиот ривал. Во првото квалификациско коло од ова натпреварување ќе игра двомеч со шведската екипа Скара.  

Купот на ЕХФ, третото по ранг клупско европско натпреварување, ќе биде прво европско натпреварување за РК Деспина, која ќе вложи максимални напори да го покаже своето ракометно знаење, иако станува збор за екипа со претежно млади ракометарки и со недоволно ракометно искуство.

Првите натпревари ќе се играат на 16/17 октомври, додека реваншот е на програмата за седум ден.

Би можело да ве интересира

РК Прилеп без екипа во новата младинска ракометна лига

Пела Редакција

(Видео)Фудбалски Прилеп славеш за пласман на Европско

Кога ќе се одиграат одложените фудбалски натпревари поради одржување на изборите?!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе