Повторно е активен пожарот во атарите на селата Ракле, Никодин и Топлица во Општина Прилеп, информираат од ЦУК. Гори кракот од село Ракле спрема село Крстец, а рано утрово на терен биле испратени едно противпожарно возило и четири пожарникари, како и пет вработени од ШС Црн бор од Прилеп. Пожарот е на тешко пристапен терен.
претходна вест