11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Зелените“ европејци ја „скенираа“ состојбата со загадувањето во Пелагонија

Австрискиот пратеник во Европскиот парламент Томас Вајц, копретседател на Групата Зелени во Европскиот Парламент, како експерт за животната средина, беше во посета на Прилеп, Битола и Охрид. Во Прилеп го разледа фукционирањето на депонијата Алиници, како најголема депонија во регионот. Се запозна со селекцијата на отпадот во Прилеп, начинот како се депонираат видови опад, (хартија, стакло, пластика…), како и со функционирањето на депонијата. Тој пристигна по покана на партијата на зелените во Македонија, ДОМ, во присуство на претседателката Маја Морачанин, членовите од партијата ДОМ, и како домаќин, советникот во Советот на Општина Прилеп од редовите на ДОМ, Елизабета Сурлаџија.

Вакви депонии мора да станат минато. Решението е во селектирање, рециклирање на отпадот, за сосема мала количина отпад да остане за депонирање во регионални санитарни депонии. Отпадот е долг процес, сака време граѓните да научат да го селектираат. Најпрвин потребно е едукација за селекција и сепарација на отпадот, за помалку користење пестициди во земјоделството, за помало загадување на почвата и повеќе користење на компосот, кој се произведува од отпад, за наѓубрување на почвата.. Глобалното затоплување е видливо и потребно е да се бориме против тоа и да видеме како може да делуваме за заштита на околината, на животната средина.. Јас сум го посетувал овој регион и гледам подобрување во однос на собирањето и селектирањето на отпадот, што има огромно влијание врз намалувањето на  загадувањето на водата и реките.Сметам дека чистата вода или пивката вода за пиење, ќе биде една од најбараните и најскапоцените ресуср во светот. Тоа нема да биде ниту златото, ниту  нафтата.. Најбараниот енергенс ќе биде чистата вода. И, најважно за иднината на земјата е да се заштита ресурсите на вода колку што може повеќе. Треба заедно да делува заедницата и секој еден поединачно, со цел да се сфати дека ова е негова земја, земја на неговите поколенија, и таа треба да се чува од понатамошно загадување . Третирањето на водата треба да биде на највисоко  ниво. Ово е единствената шанса за земјата како би можела преку финансиска поддршка на ЕУ фондовите да го промени свој економски модел, кој ќе бити и иден модел на функционирање на Европа – рече австрискиот пратеник во Европског парламента, Томас Вајц.

„На преден план важно е да ги намалиме мисиите на издувни гасови. Тоа е ЕУ што го прави . Европската Унија со „европскиот зелен договор„, декларираа Европа да стане климатски неутрален континент 2050 г, а тоа значи премин кон користење на обновлива енергија. Во Македонија тоа е ветрот и сонцето. Недозволиво е земја на сонцето, како нашата, толку малку да го кориси за производство на електрична енергија. Само 2% да е производството од Сонце , а останатото од други ресурси: јаглен, вода, итн. Ние на централно ниво мора да го следиме тоа „зелено сценаријо„, тој процес на транзиција што го прави Европа, за користење на обновливите извори на енергија. За таа цел и  центарлно, и на локално ниво, можат да се издвојат средства за таа намена и граѓаните, но пред се јавните објекти училишта, општинските згради,културни домови …да користат што повеќе обновливи извори на енегија за своите потреби, со цел да  ја намлат потрошувачкат на ел.енергија поставувајќи фотоволтаични панели и со тоа да заштедат од трошоците од општинскиот буџет – потецира , Маја Морачанин претседател на ДОМ.

Претставниците од Европската зелена партија во Европскиот парламент со своите домаќини ја посетија Битола каде се детектираше остојбата со загадувањето на воздухот од РЕК Битола и во Охрид, а европските гости беа запознати со проблемот со колекторот и диво изградените објекти.

Би можело да ве интересира

За подобар свет – хуманитарен концерт во Прилеп

Пела Редакција

Даниела Перканоска од Авто Контрол Прилеп, е дел од Марили бизнис клубот на најуспешни жени менаџерки од регионот

Гордана Цветаноска

Прилеп во врвот според дневниот корона биланс

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе