16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Со физичко присуство започна новата учебна година во Крушево за 80 првачиња

Со физичко присуство започна новата учебна година во Крушево. ООУ „Никола Карев„ ги пречека првачињата со обезбедени услови за нивна здравствена безбедност. На првото училиштно ѕвонче најмногу му се израдуваа првачињата, 80 на број , од кои 31 ќе го посетуваат централното училиште, а останатие во подрачните шест училишта во населените места на Крушево.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денска им доди училиштен прибор и бонтон за деца, донирани од Халкбанка, во рамки на проектот „Среќно прваче“ и им посака успешен почеток на првачињата на новата учебна година.

„Драго ми е што наставата со физичко присуство се рестартира и што учениците ќе учат од училишните клупи кои беа празни минатата година. Со почитување на сите протоколи ќе бидат обезбедени услови со високо ниво на здравствена безбедност за да се оневозможи инфицирање и ширење на коронавирусот. Се заблагодарувам на Халкбанка за донацијата на овие пакети со училиштен прибор за топло добредојде на новите ученици“, порача градоначалникот Христоски.

Вкупно настава, заедно со првачињата, во основно образование во Крушево ќе ја посетуваат 639 ученици ( 4 помалку од минатата година) од кои 289 во централното и 353 во населените места. Сите со физичко присуство.

Би можело да ве интересира

„Спортски игри за млади – Плазма“ ќе се одржат и во Прилеп

Во ООУ Кочо Рацин: “ДА СЕ НАТПРЕВАРУВАМЕ БЕЗ ДА СЕ НАВРЕДУВАМЕ“ за децата да се почитуваат и играат заедно

Пела Редакција

Свечена академија во чест на светите браќа Кирил и Методиј

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе