30.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во ООУ Кочо Рацин: “ДА СЕ НАТПРЕВАРУВАМЕ БЕЗ ДА СЕ НАВРЕДУВАМЕ“ за децата да се почитуваат и играат заедно

„ДА СЕ НАТПРЕВАРУВАМЕ БЕЗ ДА СЕ НАВРЕДУВАМЕ“ за фер плеј, за меѓусебно почитување и  подигнување на свеста кај учениците за спречување на  врсничкото насилство, преку игри без граници.

Натпреварите во форма на “игри без граница”  и одбојка, под мотото „Да се натпреваруваме без да се навредуваме“ се одржаа во ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп, во организација на ученичкиот парламент, каде учествуваа учениците од ова прилепско училиште и учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ од селото Канатларци, кои се припадници на турската заедница.

Целта е да се едуцираат младите како да навиваат без да има навреди и омаловажувања, почитување на другиот и фер плеј игра, како што налага спортското натпреварување.

Настанот беше во организација на Коалиција СЕГА, “Меѓаши” и училиштата.

 

Известува Филип Димкоски

Би можело да ве интересира

ЈОУДГ “Наша Иднина“ – Прилеп: Откривањето на отстапките од правилниот детски развој започнува од градинката

Средношколци од Прилеп, Кавадарци, Куманово и од Маврово-Ростуше преку Џифони-хабовите беа дел од фестивалот

Свечена академија во чест на светите браќа Кирил и Методиј

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе