7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепските стилисти ќе учествуваат на манифестација „Hair fair 2018“ во Охрид

Прилепските фризери и козметичари повторно во акција. По спектакуларното шоу во декмеври,минатата година,прилепската Асоцијацијата на фризери, бербери и козметичари овој пат ќе биде дел од меѓународната манифестација „HAIR FAIR 2018″, фестивалот кој по 12 пати,  од 25 – 26 март (недела и понеделник) ќе се одржи во Охрид, во организазија Македонската Фризерска Асоцијација

Околу 50 – на прилепски стилисти и неколку ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ ,од парлелката фризери и козметичари, ќе земат учество на манифестација во Охрид ,која има два дела, натпреварувачки и ревијален дел.

Машко потстрижување, женско потстрижување, пунџа на долга коса, невестинска фризура и новитетот за оваа година, „фризура Фантази“ , се дел од фризурите во натпреварувачкиот дел

Фризерот ,Дарко Костадиноски од фризерското студио „Ema place“ ќе се престави со изаботката на невестинска фризура – „Правило е изработента  фризура  да биде посакувана за младите невести. Не е дозволено да се користи било која вештачка коса, но се дозволени  сите видови препарати за коса. Шминката и деталите мораат да бидат во тренд. Дозовлено е ставање максимум на 3 додатни украси. Време на изработа на фризурата е 30 минути. Јас се надевам дека доследно ќе ја преставам прилепската Асоцијација на фризери, бербери и козметичари и дека од Охрид од меѓународната манифестација „HAIR FAIR 2018″ ќе си дојдиме со многу награди и признанија за нашата работа. Имам одличен модел,одлична екипа и ќе направиме прекрасна трендовска невестинска фризура,кој верувам дека ќе го воодушеви жириот- вели Костадиноски

„Драго ми е што „Асоцијацијата на фризери, бербери и козметичари“ ќе земе учество на овој меѓународен фестивал,бидејќи ќе има стилисти не само од другите градови на Македонија ,но и престижни имиња  од Италија, Белгија, Холандија, Турција, Грција….Овде може да се научи многу и да се разгледаат новите трендови на израбока на фризури и шминки.. Прилепската  „Асоцијацијата на фризери, бербери и козметичари“ останува активна и се надевам, како претседател , дека во натпреварувачкио дел ќе ја потврдиме нашата умешност и  успешност. Во екипата се и ученци од СОУ Ѓорче петров. Тие како јуниорите ке се натпреваруваат само во дисциплината Пунџа на долга коса. Нивното време за изработка ке биде 40мин, а останатите пропозиции се исти“- објасни претседателот на прилепската „Асоцијацијата на фризери, бербери и козметичари“,Зоран Бошкоски

По завршување на натпреварувачкиот дел ревиалното дел ќе переставуа  шоу перформанси со кои ќе се претстават најдобрите фризери – стилисти од Италија, Белгија, Холандија, Турција, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово. Оваа година на манифестација „HAIR FAIR 2018″ ќе имаме повеќе од 200 гости од странство и се очекуваат повеќе од 1000 домашни учесници и посетители. Учество на фестивалот со изложбено продажен штанд ќе имаат и фирми чија дејност е продажба на препарати за убавина и нега.

Со учество на повеќе од 200 фризери, бербери и козметичари од цела Македонија, минатата година Прилпеската Асоцијација на фризери ,бербери и козметичари,во  декември ја организраа манифестацијата „Prilep Special show“.SHOW-то и ја покаже умешност, квалитетот и крејативноста на  прилепските стилисти, кој секодневно ја нудат својата услуга на прилепчани., но потврдија  дека прилепские стилисти има одлични познавања и   креаивност во организирање и на вакви модни,трендовски манифестации

Би можело да ве интересира

41 години од смртта на Јосип Броз Тито- најдобрите негови пораки

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО)Прилепските пензионери протестираа, од утре ќе бараат поддршка од пратениците

Пела Редакција

Во Прилеп одбележан Денот на сеќавањето на руските војници кои загинаа во Првата светска војна

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе