7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во трка за власт – прилепска Пелагонија има 19 кандидати за градоначалници и 33 советнички листи

За општините Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани, регионот на прилепска Пелагонија пројави голем интерес за учество на претстојните  локални избори што ќе се одржат на 17 ти октомври годинава. Односно, за 4 те градоначалнички позиции по општини влегуваат во трка 19 кандидати предложени од политички партии и коалиции и независни кандидати, а дури 33 советнички листи за членови на советите на општините.

Најмногу кандидатури за градоначалник има во општина Долнени, која се наоѓа веднаш по Скопје според бројот на пријавени во Македонија за претстојните локални избори . До крајниот рок во саботата (11 септември) во Општинската изборна комисија пристигнале вкупно 8 кандидатури за градоначалничкото место и тоа од  Демократската партија на турците – Сеад Садикоски, Бошњачки Демократски Сојуз – Адмир Ујкановиќ, ВМРО – ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“ – Ладо Глигуроски, Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ -Аднан Џафероски, од ДУИ кандидат е Урим Ибески, Коалицијата Алтернатива и Алијанса  – Самедин Имери, од партијата Беса  – Агим Кера, а од партијата Демократи Изет Зејнеловиќ. Во оваа општина голем е интересот и за кандидаски листи за советници, така што во општинската изборна комисија биле доставени вкупно 12 советнички листи.

Втора на листата според бројот на градоначалнички кандидатури е општина Прилеп со вкупно 5 пријавени кандидати за градоначалници, од кои, единствено тука има еден независен кандидат. Во градоначалничката трка за оваа општина се вклучуваат д-р Борче Јовчески од ВМРО – ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“, Горан Сугарески од Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ , Славе Петрески од ЛДП и ДОМ, Жарко Стеваноски предложен од независната иницијатива „Че вреди“ и Зоран Митрески од политичката партија Интегра. За општина Прилеп во трката за советници влегуваат вкупно 8 советнички листи од партии, коалиции и една независна советничка листа.

Општина Крушево пак, е специфична по две одлики: пријавени се само 2 кандидати за градоначалници , од кои и единствената жена во регионот. И тоа од Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ – Томе Христовски, а од ВМРО – ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“ , кандидат за градоначалник и единствена жена во регионот е Билјана Проеска. До Општинската изборна комисија пристигнале вкупно 7 листи за советници, сите од политички партии и коалиции.

Во најмалата општина Кривогаштани и по територија и според жители, интерес пројавиле и официјално се доставени до ОИК, вкупно 4 кандидатури за градоначалник. Од ВМРО – ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“ Александар Богданоски, од Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ со Николче Мисоски, од Македонска Ера Трета/Македонски независни листи – Игор Граороски, и од Партија на обединети демократи ПОДЕМ Гоце Чируноски. Во оваа локална заедница голем е интересот за влегување во Советот на општината, така што се пријавени 6 листи за советници од политички партии и коалициии.

Општинските изборни комисии деновиве ги проверуваат доставените кандидатури за градоначници и носители на советнички листи, по што, на 23 септември со жребување, ќе се знае редоследот на гласачките ливчиња.

Би можело да ве интересира

Опозицијата го окарактеризира Сугарески како политичар кој зад себе нема ниту еден успех

Елизабета Филипоска

ОО на СДСМ Прилеп тврди дека Ристески на прес изнел лаги и клевети за Сугарески, за собирање дневно-политички поени во изборната кампања

Елизабета Филипоска

Кандидатите за градоначалници на Прилеп го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе