3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Познати добитниците на наградата за животно дело од МТФ „Војдан Чернодрински“

Собранието на МТФ „Војдан Чернодрински”  Прилеп донесе одлука кои се годинешните добитници на наградата за животно дело за  55 -тото јубилејно издание на фестивалот. Актерите  Емил Рубен и Борис Чоревски, како и сценографот Крсте С. Џидров ќе го понесат престижното признание за нивната работа и творештво во областа на театарската уметност.

МТФ „Војдан Чернодрински” ќе се одржува од 1 ви до 8 ми октомври годинава. Фестивалот традиционално започнува со доделување на наградите за животно дело.  Театарската претстава „Мој Термин“ од НУ Македонски народен театар, во режија на Синиша Ефтимов е првата која ќе ја отвори манифестацијата на 1 ви октомври.

На втори октомври ќе биде промовирана книгата на Тена Штивичиќ „Невидливите“, а на програмата се уште две претстави во конкуренција: „Вечера за глупаци“ од Францис Вебер во режија на Ирена Стеријовска, а во продукција на театар „Комедија“ од Скопје, а потоа е претставата „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа во режија на Бранко Брезовец на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

В недела на 3 октомври на репертоарот се претставите на кумановскиот театар „Вообразен болен“ од Молиер во режија на Драган Гунин и на Драмски театар од Скопје „Мојот маж“ од Румена Бужаровска во режија на Нела Витошевиќ.

На 4 октомври фестивалот отвора трибина на тема „Театарот во Ковид-19. Проблеми и решенија“ , модератор ќе биде Катарина Коцевска Хаџи Василева, а на репертоарот се уште две претстави. Албанскиот театар од Скопје на сцената прилепскиот театар ќе ја изведе „Мурлин Мурло“ од Николај Кољада во режија на Кристина Димитрова, а во Центарот за култура, велешкиот народен театар ќе се претстави со „Херои 04:33“ од Сашо Димоски во режија на Деан Дамјановски.

На 5 октомври на репертоарот на Фестивалот се тетовскиот театар со претставата „Страст и алчност“ од Јуџин О Нил во режија на Фитим Селими и ќе се игра на сцената од Центарот за култура. Потоа, во прилепскиот театар е претставата „Едип коментари“ според мотиви од Едип на Софокле во режија на Драгана Милошевски Попова, а во продукција на штипскиот народен театар.

На 6 октомври ќе има промоција на книгата „Горан во Драмски“ и уште две претстави во конкуренцијата: Турски театар од Скопје ќе ја изведе „Славната Флоренс“ во режија на Драгана Милошевска Попова, а потоа е претставата на охридскиот театар „Крик за љубов“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Последниот фестивалски, репертоарски ден на 7 октомври ќе донесе три претстави. Прво е претставата на Театарот за деца и младинци од Скопје „Едвард раце ножици“ во режија на нела Витошевиќ, потоа е претставата на битолскиот театар „И коњите ги убиваат, зар не?“ во режија на Мартин Кочовски и последната репертоарска претстава е на Факултетот за драмски уметности „Мурлин Мурло“, дипломска претстава на студентите од отсекот Драмски актери кај професорите Сузана Киранџиска и на Кристина Леловац.

В петок на 8 октомври жирито во состав Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер, Бајруш Мјаку, актер и Александар Милосављевиќ, театролог од Србија ќе ги соопшти најдобрите остварувања на јубилејниот, 55-ти Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Свеченото затворање на Фестивалот во прилепскиот народен театар ќе биде со доделувањето на наградите на најуспешните и со изведбата на Дрански театар од Скопје „Драмски за Конески“, во чест на наградените.

Најзначајниот театарски фестивал кој ги презентира најдобрите остварувања на македонските професионални театри, лани, поради пандемијата, не го одржа јубилејното 55-то издание и одлучено е тоа да се одржи од 1 до 8 октомври според сите протоколи.

Би можело да ве интересира

Концерт на КУД Дримкол од Вевчани пред Цепенков

Гордана Цветаноска

„Букет од песни“ по повод 8 ми март, концерт на Октетот Прилеп

Излезе од печат новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ 2 за 2021 година

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе