7.3 C
Прилеп
понеделник, 24 март, 2025
Пела Радио

Концертот на КУД „Бисер“

Утре, на 24 септември 2021 /петок/ во 19.00 ч. пред платото на ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи КУД „Бисер“ од Кичево. Концертот е дел од годишната програма поддржана од Министерството за култура.
КУД „Бисер“ е изникнато од традицијата, пренесена преку песната на старите мајстори и звукот на кавалот, тапанот, гајдата.

Сепак тоа се оригинални поставки на древниот македонски бит, преработени со модерни кореографски пристапи. Највредното од ансамблот се нивните носии, кои се оригинални одежди на нивните предци, на нивните баби кога биле невести и нивните дедовци кога биле комити. Токму тоа е вредноста која
треба да се пренесе на следните генерации.

Ансамблот своето знаење го вгради во многу кореографии кои ќе останат пример за идните генерации како треба да се почитува, сака и одржува традицијата на македонскиот народ.

КУД „Биссер“ има настапувано на бројни фестивали низ земјата и странство.

Би можело да ве интересира

Мултимедијален фестивал „Цело е кога се има 30“ во Прилеп и Крушево за културно освежување

Гордана Цветаноска

Промовирана книгата „Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г. г. Ангелариј“

Гордана Цветаноска

Во Градската библиотека се отвора прва трајна поставка на дела од прилепските уметници

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе