7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Од денеска почнува вакцинирањето со трета доза со вакцината „Фајзер“

Трета доза може да се прими најмалку шест месеци од примената втора доза. Кога ќе истечат тие шест месеци, граѓаните ќе добиваат СМС-порака дека може да се јават и да примаат трета доза

Од денеска во земјава достапна е и трета доза вакцина против ковид-19, која според Комитетот за имунизација е препорачана за сите граѓани над 60 години, како и за здравствените работници и лицата со имунокомпромитирачка состојба без разлика на возраста.

Вакцинацијата со третата доза ќе се врши со вакцината од производителот „Фајзер“ без разлика од кои производител се примени првите две дози.

Трета доза може да се прими најмалку шест месеци од примената втора доза. Кога ќе истечат тие шест месеци, граѓаните ќе добиваат СМС-порака дека може да се јават и да примаат трета доза, а можат да ја примат и без закажување, велат од вакциналниот пункт во Прилеп.

Трета доза на вакцина  против ковид 19, граѓаните на Прилеп ќе може ја примат на вакцинален пункт во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров„ кој, во најава е, да работи до крајот на месец септември.

Би можело да ве интересира

Кој пее зло не мисли

Елизабета Филипоска

Четворица повредени во сообраќајна несреќа кај Ропотово

Пела Редакција

На барање на младите Крушево ќе добие „ин-аут“ кино

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе