7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Николоски во поддршка на Јовчески, кој ги престави трите клучни проекти за Прилеп

Денеска на пресконференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Прилеп Борче Јовчески најави три клучни проекти за градот.

„Трите проекти кои што ќе бидат приоритет за центарот на Прилеп се реконструкција и уредување на плоштадот ,,Методија Андонов – Ченто” од ООУ ,,Кочо Рацин” до споменикот на Пеце Атанасовски, нови три монтажни катни гаражи на локации во центарот на градот  реконструкција на инфраструктурата. Средувањето на нашата чаршија мора да го надополнеме и со преуредување и реконструкција на улиците, плочникот околу нив, со воведување подземна и надземна инфраструктура во еден правец за доброто на сите дуќанџии“, рече Борче Јовчески, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Прилеп.

 

Во Прилеп беше и потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

„Денеска сме во Прилеп во рамки на кампањата за локалните избори, можам да кажам дека очекуваме да се случат промени во Прилеп. Имаме прекрасна советничка листа која што очекувам да освои мнозинство во Советот. Тука со нас е носителот на советничката листа, а исто така имаме и исклучителна личност за кандидат и иден градоначалник на општина Прилеп, кој што заедно со советничката листа и со мнозинството во Советот ќе ги направат промените во Прилеп. Навистина овие 4 години се 4 години на уназадување, 4 години во кои што не видовме реални проекти во Прилеп, 4 години на економско опустошување и на многу лични интереси. Минатата година на парламентарните избори граѓаните на општина Прилеп дадоа јасна порака до власта, за тоа што власта изгуби во општина Прилеп. Но наместо власта да се менува, власта продолжи со истите кадри во општина Прилеп, продолжуваат со истите стари кадри. Така на пример директор на Тутунскиот комбинат е истиот човек кој што јас минатата година од овој плоштад го критикував,а денеска ќе имаме и средба со тутунарите. Директор на железници е истиот човек кој што беше и минатата година, кој што претходно беше пратеник, Хари Локвенец. А,  за кандидат за градоначалник е вечниот функционер од СДСМ, кој што е вечно на функција, Горан Сугарески. Тоа се едни истрошени ликови, тоа се ликови кои што немаат што да понудат нити на Прилеп, нити на прилепчани. Затоа сум убеден дека со тимот на советничката листа и со кандидатот за градоначалник ќе имаме убедлива победа после која што ќе може да се реализираат бројни проекти, дел од нив беа претходно наведени. Она што можам да кажам дека ќе имаме силен фокус на Прилеп за тоа што после локалните избори очекуваме промена и на Владата со ново парламентарно мнозинство пред се тука е огромниот капитален проект за автопатско поврзување на Прилеп. Знаете дека Прилеп – Градско беше долго време стопирано од причини кои што се уште се необјасливи за сите нас и не добивме релевантен одговор зошто прекина да се гради експресниот пат. Приоритет за нас е автопатско поврзување на Прилеп како со Градско и Велес односно главната магистрала на Коридорот 10 исто така и со Битола и на тој начин со грчка граница, и со Охрид и со Коридорот 8. Така што Прилеп да стане она што реално е центар на Македонија, да се развива стопански пред се, а и во сите останати дејности,“- рече  Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/okprilep/videos/1479193095781803

 

Би можело да ве интересира

Ден на жалост, одложени сите настани, но роковите од ДИК ќе бидат запазени

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Од Могилата на Непобедените, митинг на ВМРО ДПМНЕ најави Јовчески, а Проданоски посочи дека неможе да се менува историјата

Елизабета Филипоска

За 2% помала излезеност во Прилеп до 13,оо ч на локалните избори, споредбено со предходните во 2017

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе