7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Реакција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Напаѓа оној што се плаши!

По вчерашната изјава на претседателот на ОО на СДСМ Миле Талевски во врска со одбивањето за ТВ соочувања на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Прилеп д-р Борче Јовчески со неговите противкандидати:, денеска со соопштение за јавноста се огласија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп:

„Очигледно Миле Талевски е веќе преплашен од извесниот пораз што тој и СДСМ Прилеп ќе го доживеат на 17 oктомври па невешто пробува да манипулира со јавноста за да добие ситни политички поени и да спаси она што е неизбежно.

Јавно прашуваме со кое лице Миле Талески повикува на дијалог и транспарентност?

Зарем не е тоа истиот Миле Талевски кој одби да се соочи со јавноста кога дрско и насилно се промени името на Република Македонија? Миле Талевски молчи додека неговите другари од СДСМ на чело со Заев го уништуваат и распродаваат македонскиот идентитет и историја. Миле Талевски молчи за пропустите во изградбата на модуларната болница во Прилеп, за 450  починати од Covid и неразумните мерки за заштита на населението. Молчи  за вработените од  Еурокомпозит и тутунарите, за поранешниот командир на МВР Прилеп кој одмара во домашен притвор, за стопираната изградба на експресниот пат Прилеп-Градско и гасификацијата.

Каде беше и каде е Миле Талевски да излези на соочување со прилепчани кога неговата министерка Царовска ги остава децата без учебници, воведувајќи т.н дигитализација во образованието без да се промени закон, а истиот тој е пратеник? Каде е Миле Талевски да излезе на дебата со прилепчани и да објасни како истиот тој како претседател на Совет на општина Прилеп аминуваше купување на 4 автобуси по цена од 1 милион евра, а идентични такви општина Тетово купи 5 за 750 000 евра?  Каде беше Миле Талевски да реагира за 800 000 евра потрошени од прилепчани за мост од 20м? Каде беше Миле Талески да продебатира со прилепчани кога со лично негов амин сметките за вода ни ги покачија за 60%?

Миле Талевски нема и немал  став за ниту една суштинска и важна одлука во корист на граѓаните. Миле Талевски е единствено мегафон во рацете на Зоран Заев кој повремено се активира да испорача навреди и дефокус од актуелни проблеми.

Колку е лицемерно да прозивате човек на кој ваши членови по нечиј налог му упатуваат закани по живот на неговото семејство? Тврдите дека функционираат институциите и системот, а заканувачот е сеуште на слобода и покрај приложените докази и факти!

Граѓаните веќе знаат што кандидатите нудат и можат да испорачаат. Граѓаните ја препознаваат добрата намера и посветеноста но и обидите да бидат манипулирани и измамени. Знаат дека нема да го дадат својот глас за СДСМ, за Горан Сугарески вечниот функционер кој освен летна тераса за својот кафич, ништо друго нема направено за Прилеп.

Граѓаните нема да гласаат и за Миле Талевски кој заедно со Заев им ја распродава историјата, им го брише идентитетот и ги остава да тонат во сиромаштија, корумпирана држава и нефункционален систем.

Од друга страна пред граѓаните на Прилеп стои честит човек, патриот,  професионалец признаен од своите колеги, почитуван од своите сограѓани. Човек од збор кој нема политички багаж и долгови, човек кој заедно со својот тим на граѓаните на Прилеп ќе им го врати достоинствениот живот кој вие и Горан Сугарески им го одзедовте, стои во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Лашкоска: Кога имаше можност најмногу да му помогне на Прилеп, Сугарески ја направи најголемата штета

Гордана Цветаноска

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ и Борче Јовчески избегаа од соочувањето, се скрија од граѓаните

Гордана Цветаноска

Јовчески: За намалување на сметките за вода, ќе ја субвенционираме работата на прочистителната станица

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе