1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Јовчески: За намалување на сметките за вода, ќе ја субвенционираме работата на прочистителната станица

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата д-р Борче Јовчески на прес конференција презентираше, како што рече „еден од најважните проекти за сите граѓани на Прилеп -еднакво важен како за домаќинствата во Прилеп, така и за фирмите“ :

„ Проект кој го нарековме: РЕАЛНО ОСТВАРЛИВО! Во 2017-та година СДС ветуваа дека ќе добиваме за 20% пониски сметки за вода од тие доттогаш. Лага, како и се друго! Наместо пониски сметки за вода, се случи спротивното!Сметките за вода и канализација на граѓаните на Прилеп се зголемија за околу 60%, што е удар по џебот на секое семејство.

После 17-ти октомври, новата локална власт предводена од мене како градоначалник, заедно со Советот на општината, ќе пристапиме кон конкретни мерки за намалување на сумата на сметките за вода и канализација, затоа што веќе имаме план како да го направиме тоа. Или, веќе имаме готов проект и после направени пресметки од стручни лица кои ни помогнаа во разработувањето на овој наш план, истиот ветуваме дека ќе го реализираме.

Имено, ова ќе го реализираме со првиот буџет кој ќе го спремаме јас, мојот тим и тимот на стручни лица – државни службеници во Локалната самоуправа. Обврска на општината е да се грижи и да ги потпомага јавните претпријатија на кои таа е оснивач. Со точно определена сума ќе ја субвенционираме работата на прочистителната станица за отпадни води. За ова ,одлука за субвенционирање  ќе донесе Советот на општина Прилеп, која одлука ќе биде дел од бизнис планот за работа на ЈКП ВиК.

Со намалени расходи за одржување на пречистителната станица и што е најбитно со значително намалени  неоправдани  сегашни трошоци ние доделените субвенции  кои ќе ги  внесеме во  бизнис планот, и кој истиот  ќе го доставиме до регулаторна комисија ќе предложиме намалување на цената на с-те за водата и канализација, за што за нашето побарување неизбежно е да ни даде позитивно мислење“, рече кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата д-р Борче Јовчески.

Би можело да ве интересира

Јовчески: Нудиме повеќе сообраќајни решенија за побезбеден Прилеп

Гордана Цветаноска

Јовчески посочи дека има конкретни мерки за намалување на сумата на сметките за вода и канализација

Елизабета Филипоска

Илиоски: ВМРО ДПМНЕ е посветен за обезбедување на благосостојба на Прилеп и неговите жители

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе