15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Сообраќајна несреќа кај с.Мажучиште на патот Прилеп-Македонски Брод

Вчера (07.10.2021 во 14.00 часот) во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, на крстосницата кај с.Мажучиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел фронтера“, управувано од лицето со иницијали Д.Р. (26) од с.Лажани, прилепско и патничко возило „ауди“, управувано од лицето со иницијали Р.Ф.(37) од с. Десово, прилепско, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „ауди“, Ѓ.Т., а со телесни повреди се здобил возачот од другото возило, Д.Р, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Малолетно девојче нападнато од соученички во Прилеп

Пела Редакција

Рано утринава уште едно опожарено возило во Прилеп

Чистел пиштол од татко му, се ранил в нога

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе