7.5 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Прошетка низ Могилата на Непобедените, симболот на непокорот на прилепчани, каде се имињата и посмртните останки на 462 борци од Прилеп

Ако не сте го посетиле Паркот на револуцијата во Прилеп каде е  Могилата на Непобедените тоа мора да  направите при посетата на градот провборец и херој. Могилата на Непобедните претставува меморијален комплекс во спомен паркот на Револуцијата во Прилеп, изграден 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ , според проект на архитектот Богдан Богдановиќ.

Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките.

Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ.

Во вториот дел се наоѓа криптата – заедничката гробница, каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле животот за ослободување на Македонија. На него се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, а во криптата се наоѓаат нивните посмртни останки.

 

Во состав на споменичкиот комплекс во Алејата на народните херои на мермерни постаменти поставени се бронзени спомен бисти од десетте загинати Народни херои од НОБ од Прилеп: Кире Гаврилоски-Јане (1918-1944) Илија Игески-Цветан (1920-1944) Орде Чопела (1912-1942) Борка Талески (1921-1942). Кузман Јосифоски-Питу (1915-1944) Мирче Ацев (1915-1943) Борка Велески-Левата (1912-1942) Рампо Левката (1909-1942) Лазо Филипоски-Лазовски (1918-1942) Круме Волнароски (1909-1944)

 

Паркот на револуцијата за споменик на култура е прогласен во 1989 година.

 

ВИДЕОТО е дел од проектот “Прилеп градот народен херој за време на НОБ” израбтеоно од Фан Продукција Оливер Англески  како дел од јавниот повик на Владата за поддршка на претприемачите од фотографската и видео дејноста во Општина Прилеп за намалување на последиците предизвикани од Ковид-19 кризата.

Директор: Оливер Ангелески

Камера:Димитар Долгоски, Оливер Ангелески и Горан Попоски

Би можело да ве интересира

Доживотна казна затвор, за првпат изречена во историјата на прилепското судство

Елизабета Филипоска

Не носење маски на отворено, дозвола за свадби, публика на стадионите – се новите мерки кои ги предлага Комисијата!

Елизабета Филипоска

Нови позитивни со Ковид 19 во Прилеп и Крушево

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе